Ренова е последниот, осмиот патник во 1/4 финалето во Купот на Македонија. Попладнево во Тетово екипата на стратегот Бујар Ислами одигра 1:1 во реванш средбата против Тиквеш од 1/8 финалето. Да потсетиме дека првиот меч во Кавадарци заврши со триумф на „гипсарите“ од 2:0. Тиквеш сепак не се предаде така лесно, поведе во првиот дел со голот на Илиески, но дилемите, ако воопшто го имаше, ги разреши Адеми со гол во 88.минута за конечни 1:1. Сега на Ренова и останува да го чека противникот во следната фаза од Купот на Македонија.