Рафаел Надал го елиминира Стен Вавринка со 6:4, 6:4 од 1/8 финалето на АТП турнирот во Париз. Шпанскиот ветеран без големи проблеми и речиси без напор заа 88 минути го победи швајцарскиот тенисер кој имаше многу проблеми да воспостави ритам. За него тоа беше 50. победа во 2019 година.

Светскиот рекет број 2 во четвртфиналето ќе игра против домашниот тенисер Цонга кој денеска го елиминира Германецот Штруф со 2:1 по сетови.

Другите четвртфинални двојки се Ѓоковиќ-Циципас, Гарин-Димитров, а Шаповалов го чека подобриот од Монфилс-Албот.