Нов пораз за МЗТ Скопје, овој пат во јадранското натпреварување. Низата од четири победи во низа заврши на гостувањето кај Сутјеска каде беше совладан со 85-70 (18-20, 23-13, 19-21, 25-16) во рамките на петото коло во АБА 2-лига.

Хинд со 22 поени беше прв стрелец, зад него беше капитенот Стојановски со 13 поени.

Македонскиот првак мечот го загуби во втората четвртина. По променливите стартни десет минути по кои имаше минимално водство од 18-20, следеше пад. Противникот по поените на Хиндс за 22-24 со серија од  10-0 поведе со 32-24 во 15. минута.

Избраниците на Ѓорѓи Кочов не успеаја да се вратат на полувремето заминаа со негатива од 41-33. Не промени ништо во играта, Сутјеска брзо дојде до двоцифрена предност од 15 поени (49-33) по само четири минути игра.

Пред самиот крај на третата четвртина, едниствениот расположен играч, Хиндс со шест поени и Морнар со две слободни фрлања ја вратија надежта. МЗТ Скопје во решавачките десет минути влезе со резултат 60-54.

Истиот кошаркар реализираше за 60-56. Павличевиќ со четири поени го прекина налетот на македонскиот првак. На другата страна во редовите на тимот од Аеродром немаше реализација, на три минути до крајот, Сутјеска поведе со 76-61 и ги реши сите дилеми.