Македонскиот репрезентативец, Мартин Томовски уште еднаш се покажа како клучен играч на својот тим Лудвигсхафен. Откако пропуштија одлична шанса да дојдат до победа на домашен терен, во решавачките моменти Томовски го спречи противникот да дојде до два гола во низа и да си замине со целиот плен. На крајот мечот заврши без победник 27-27.

Томовски запиша девет интервенции, една од нив беше од седум метри.

По некомплетното 11. коло во Бундес-лигата, Лудвигсхафен се наоѓа во опасната зона, има една победа, реми и девет порази.