Едно од најекспонираните имиња во светската кошарка во последната деценија и еден од најтрофејните тренери на Стариот континент, Дејвид Блат, ја разгледува можноста да стави крај на својата кариера. Ваква изјава дал самиот Блат за време на интервју за израелски весник.

Последниот ангажман на екс-тренерот на Кливленд беше грчки Олимпијакос, која ја напушти откако не успеа да победи во првото коло од регуларната сезона во Евролигата. Нешто порано, Дејвид призна дека боледува од неизлечива болест – мултиплекс склероза, но во тоа време потенцираше дека нема да го напушти тренерскиот пат.

Сега работите очигледно се променети, па Блат сериозно ја разгледува опцијата за заминување во пензија.