Се најде „лек“ и за Барселона. Кошаркарите на Светислав Пешиќ го претрпеа првиот пораз во новата сезона на Евролигата, откако вечерва во дербито на колото беа поразени на гостувањето кај Олимпија Милано со 83-70.

Барселона одигра добро прво полувреме и на одмор замина со одлучни +7. Сепак, Милано тргна одлучно во вториот дел, а особено во послендите 10 минути, кога гостите тотално паднаа во ритам и не можеа да сторат ништо повеќе.

Родригез и Мицов беа лидери во составот на Олимпија Милано со 17, односно 16 поени, додека кај Барселона Дејвис постигна 15 поени.