Денеска во просториите на ФФМ во 12 часот, ќе се одржи ждрепката за 1/4 финалето во Купот на Македонија.

Осум екипи и осум желби за пласман во следната фаза. Секако дека фаворит е Шкендија, и сите останати сакаат да ја одбегнат за ривал, додека џек-потот или посакуван противник е составот на Лабуништа. Останатите екипи се А. Пандев, Работнички, Брегалница, Шкупи, Струга ТЛ и Ренова. 

Првите мечеви од оваа фаза се играат на 4 декември, додека реваншите на 4 март сследната година.