По пријава на делегатот Тони Шалев, Фудбалската федерација на Македонија покрена дисциплинска постапка против ФК Шкендија за слаба организација на реванш средбата од осминафиналето на Купот на Македонија, меѓу Шкендија и Вардар која се одигра на Градскиот стадион во Тетово.

Со одлука на дисциплинската комисија , Дејан Таневски од ФК Скопје е отстранет на една година од сите фудбалски активности поради физички напад на официјално лице – четврти судија.

ФК Дрита ќе мора да им купи нови автомобилски гуми или да ги обештети судиите на кои им беше оштетено возилото со кое дојдоа на меч на кој домаќин беше Дрига. Покрај тоа, против клубот е отворена дисциплинска постапка за стореното дело.