На кризата кај Фенербахче се чини и нема крај. Од победа, за неполни две минути, кошаркарите на Фенербахче прокоцкаа предност од 7 поени и на крајот на домашен терен загубија од Жалгирис со 79:76.

На една минута и 45 секунди пред крајот на средбата, Турците имаа водство од 76:69 и се навестуваше, конечно, втора победа за тимот на Жељко Обрадовиќ. Но, следуваше „црн период“ во кој до крајот на средбата Фенер не погоди ниту еднаш, а гостите преку Хајнс и Григонис го полнеа домашниот кош за на крај да се израдуваат на третата победа оваа сезона.

Кај Фенер Де Коло играше сам и постигна 29 поени, додека кај Жалгирис Григонис со 19 поени беше најдобар реализатор.

Победа обезбедија и кошаркарите на Валенсија, кои пред своја публика го совладаа ЛАсвел со 81:72.