После оние антологиски 5:5 меѓу Ливерпул и Арсенал, на пенали победи европскиот првак, Јирген Клоп имаше само пофални зборови за Габриел Мартинели. За младиот Бразилец кој играше во нападот на „топџиите“ и просто воодушеви со својот настап.

„Децата одиграа фантастичен меч, посебно Мартинели кој е талент на векот, страшен, супер напаѓач. Нашиот Сеп ван дер Берг одигра одлично, но ретко кој може да се носи со Мартинели. Арсенал одигра одличен меч, контрите му беа фантастични, сепак Мартинели беше главниот. Секоја чест“.

18-годишниот Бразилец во Арсенал дојде ова лето, запиша седум настапи и постигна седум гола, три за 45. минути во Премиер-лига.