Претставниците на кошаркарските и ракометните второлигаши, се огласија со соопштение, по добивањето на битката за спортските ваучери.

„Благодарност до сите релевантни фактори кои овозмозија да се изгласа законот за данок на добивка со кои се даваат дополнителни средства, со кои ке бидат опфатени клубовите од понизок ранк. Со ова надополнување правиме сериозен исчекор напред во поддршка и развој на спортот во државата. Благодарност до нашите матични федерации, Кошаркарската и Ракометната што имаа разбирање за нашиот проблем. Од следниот викенд сите натпревари во сите натпреварувања продолжуваат во целост“, се вели во соопштението потпишано од првите луѓе на здруженијата на кошаркарски и ракометни второлигашки тимови, Благоја Кечовски и Дарко Петровски.

Законот доби „зелено светло“ од Комисијата за буџет и финансирање и денеска помина на седница на Собрание.