Тимот од Градски парк навистина немаше среќа во ждрепката. Ја доби Шкендија и во 1/4 финалето ќе игра со најнепосакуваниот тим за ривал во оваа фаза од нашето најмасовно натпреварување. Првиот меч се игра во Скопје на 4 декември, додека реваншот под Шара е закажан за 4 март следната година.

Интересно е тоа што покрај Вардар, и Работнички се среќава со Шкендија во Купот речиси секоја сезона во последните неколку години. Тетовци имаат поголем успех во секој случај.

А се започна со сезоната 2008/09 кога Работнички ја елиминираше Шкендија во полуфиналето, потоа го освои и купот. Во 2016 овие две екипи играа финале, победи Шкендија со 2:0 и за првпат го освои пехарот. Следуваа два осминафинални дуели во 2016/17 и 2017/18 кога тетовци многу тесно, вториот пат по подобро изведување на пенали, сепак успеваа да одат во следната фаза.

Од ова произлегува дека кој ќе биде подобар од Рабтнички и Шкендија во куп дуелите, на крај игра во финалето.

СИТЕ КУП ДУЕЛИ

2008/09 –полуфинале:

РАБОТНИЧКИ – Шкендија 3:1, 0:1

2015/2016- финале:

Работнички – ШКЕНДИЈА 0:2

2016/17- осминафинале:

Работнички – ШКЕНДИЈА 0:2, 0:0

2017/18 – осминафинале:

Работнички – ШКЕНДИЈА 1:1, 1:1 (П)