Пред два дена дојде до физичка пресметка на дуелот меѓу Филаделфија и Минесота.

Центрите на двата тима, Џоел Ембид и Ентони Таунс влегоа во дуел, мораа да ги раздвојуваат тренерите и играчите на двата тима.

Двајцата заработија исклучувача на дуелот кој им припадна на Сиксерси (117-95), а секако добија и суспенција. НБА-лигата не толерира физички пресметки, и двајцата ќе мора да оладат два меча.

Ембид ќе ги пропушти Портланд и Феникс, додека Таунс гостувањето кај Вашингтон и Милвоки на домашен терен.