Брегалница имаше среќа во ждрепката. Го доби тимот на Лабуништа, тоа е „второлигашкото“ дерби во 1/4 финалето во Купот. Никола Тонев, спортскиот директор на „сините“ по ждрепката даде свој коментар.

„Брегалница го доби посакуваниот ривал. Секако дека не смееме да го потцениме тимот на Лабуништа, но ова за нас е голема шанса да одиме во следната фаза. Во една ваква конкуренција 1/2 финале за Брегалница ќе биде супер успех. Уште повеќе ќе значи за фудбалски Штип“ истакна Тонев.

Томе Николов, претставникот на А. Пандев посочи…

„Играме со Шкупи, со еден од најдобрите тимови во Македонија. Не чека тешка задача, но ние сме актуелни освојувачи на Купот и имаме амбиции да го одбраниме пехарот. Добро е што реваншот се игра кај нас, па со тоа шансите ни се зголемуваат“.