И по третото коло во Првата лига, најсилното кошаркарско натпреварување во Македонија, во Билтенот подготвен од комесарот, Лазар Гечевски има казни за несоодветни соблекувални за официјалните лица, недоволно осветлена сала, неисправни технички уреди…

Сакаме професионална кошарка, постојано се бараат некои услови од раководствата на КФСМ, а никој не тргнал од соопствениот двор. Не може еден прволигаш да не ги исполнува основните услови.

Ретки се салите кои навистина имаат одлични соблекувални за гостинските екипи и низа други работи…

Ако во минатото коло беше казнет Работнички, сега парична санкција добија Гостивар и Куманово.

Еве што инкасира комесарот за натпреварување за третото коло.