Неочекувано екипата на Пари Сен Жермен се лизна на гостувањето кај Дижон во 12. коло на француската Лига 1. Момците на Томас Тухел мислеа дека лесно ќе поминат на ова гостување со оглед на тоа дека во претходните години го газеа со резултат 4:0 (двапати), 3:0, 8:0…

Но сега се посрамотија иако имаа водство. Килијан Мбапе на асистенција на Ди Марија му донесе водство на шампионот, но изедначи Шоар во судиското продолжение на првото полувреме. А само што почна второто Кадиз ја затресе мрежата на Кејлор Навас за пресврт на Дижон и изненадувачки, тој резултат остана до крајот.

ПСЖ го запиша третиот пораз во шампионатот, Дижон ја прекина серијата од два порази. За Дижон ова е прва победа над ПСЖ во првенството.