Водачот на озогласената навивачка група на Партизан позната под името „Алкатраз“, Љубомир Марковиќ – Кичо бил убиен вечерва во белградска населба Вождовац околу 20.30 часот. Тој, наводно, бил застрелан двапати во глава, а вкупно биле истрелани шест куршуми.

Марковиќ e добро познато лице на белградското подземје, беше дел од групата на навивачи на црно-белите осудени за убиството на францускиот државјанин Брис Татон во 2009 година инаку навивач на фудбалскиот клуб Тулуз кој дошол во Белград да го гледа дуелот меѓу неговиот клуб и Партизан.

Тој најпрвин беше осуден на 30 години затвор, а потоа казната му беше намалена на 13 години и два месеци, а во 2017 година со одлука за амнестија излегол од затвор со условна казна.