По неочекуваниот пораз пред само неколку дена на домашен терен од екипата на Олимпијакос, кошаркарите на ЦСКА (М) им се вратија на победите во евролигата. Вечерва во руското дерби во Ст. Петерсбург, европскиот шампион однесе победа од 87-70 и покажа дека поразот од Грците во 5. коло беше само слаб ден за тимот.

Зенит одигра солиден меч и во голем дел од првите три четвртини беше достоен и рамноправен ривал. ЦСКА решавачкиот удар го зададе во последните 10 минути, кога успеа целосно да го скрши противникот, да направи разлика од 15 поени и на крајот доминантно да го заврши дуелот во своја полза.

Одличен меч кај гостите одигра Фоигтман кој средбата ја заврши со 14 поени и 7 скока, додека најдобар поентер кај ЦСКА беше Мајк Џејмс со 16 поени. Кај Зенит, некогашниот кошаркар на Реал (М), Ајон постигна 20 поени.