Новак Ѓоковиќ обезбеди место во полуфиналето на Мастерсот во Париз по победа над Стефанос Циципас во два сета. Србинот триумфираше за еден час игра со 6:1, 6:2.

Оваа победа на Ѓоковиќ значеше и израмнување на 2:2 во меѓусебните пресметкис о грчкиот тенисер и со тоа му се одмазди за неодамнешниот пораз на Мастерсот во Шангај.

Во полуфиналето на турнирот во Берси, првиот тенисер на планетата ќе игра против Бугаринот Григор Димитров.