Првиот пораз во Суперлигата сезонава, Пролет го претрпе пред својата публика во градското дерби со Бутел во 8. коло, 21:24 (6:10). И не само што загуби важни бодови, туку ја загуби и директната битка за третото место на табелата, кое сега му припаѓа на Бутел.

Во првото полувреме двата тима беа скромни со голови, играа силно во одбрана, но имаше и технички грешки, а Бутел беше тој кој диктираше темпо, па на полувреме се замина со 6:10.

Во вториот дел гостите одново држеа ритам, се до пет минути до крајот, кога Пролет се врати на 19:20. Минута одмор за Бутел беше доволна за екипата да остане смирена во клучните моменти од мечот и со 1-3 серија (20:23) да го дочека финишот со победа.