Драматичен финиш во првенството на Шведска, со „хепи-енд“ за Ѓургарден кој 12. пат во историјата се закити со титулата во ова првенство. Ѓургарден требаше добро да се намачи на гостувањето кај Норчепинг, затоа што имаше негатива од 2:0 на полувремето.

Малме, пак, имаше убедливо водство, и се чинеше дека трофејот одново ќе замине во југот на Шведска. Меѓутоа Ѓургарден се врати од „мртвите“, успеа да израмни, домашните останаа со играч помалку, и потоа се сврте се за Ѓургарден кој на крајот освои 66 бода, бод повеќе од Малме и од Хамарби кој што ќе играат во Лигата на Европа.

Од Лигата испаѓа Сундвал каде што брани нашиот Митов-Нилсон. Освен Сундсвал, од лигата испаѓа и Ескилстуна, а Калмар ќе игра бараж.

Standings provided by Sofascore LiveScore