Келце го доби дербито со Веспрем во групата Б. Полскиот тим на домашен терен го совлада унгарскиот првак со 34-33 во маестрално издание на Алекс Душебаев. Некогашниот член на Вардар ја наполни мрежата на Веспрем, запиша 11 погодоци од 12 обиди.

Арпад Штербик беше немоќен на оваа средба, свој ден немаше ниту Дејан Мансков имаше само два неуспешни обиди.

Очекувано, двата тима понудија неизвесна пресметка. Во првото полувреме водството постојано се менуваше, домашниот тим во 18. минута со два погодоци во низа успеа да го диктира темпото, на трипати поведе со плус два (14-12, 15-13 и 16-14), но Веспрем на полувреме се избори за нерешени 17-17.

По одморот Келце беше подобар, предовен од Алекс Душебаев во 39. минута дојде на плус четири 23-19, водство кое го одржуваше до 46. минута.

Ненадиќ, Гајиќ и Борозан ја вратија неизвесноста израмнија на 29-29, но домашниот состав не падна на притисокот, брзо врати, со 11 погодок на Душебаев обезбеди сигурна позитива на мирна завршница од 34-33.

Со оваа победа Келце изби на второто место на табелата, зад Кил и пред Веспрем и Монпеље. Доколку Вардар не успее да слави против Мешков Брест ќе остане на петото место на табелата.