Попладнево се одиграа сите мечеви од 11.коло во Втората лига – запад. Шок за Пелистер и Лабуништа дома, и двете екипи кои беа водечки на табелата до ова коло загубија драгоцени бодови. Тоа го искористи Влазерими па сега и тој има 20 бодови, исто како битолчани, кои останаа лидери.

На Пелистер не му тргна со новиот тренер Штерјовски, дома загуби од Скопје со 2:3 во еден навистина интересен и возбудлив натпревар, стигна и до 2:2, но Јусуф во 80.минута донесе големи три бода за „пиратите“. Лабуништа исто беше шокирана пред своите фанови, загуби од Влазерими и тоа со голот на Адили во 61. минута.

Вардар Форино немаше поголеми проблеми во Кадино и победи со 2:1, Кораби исто победи со 2:1, но на свој терен против Дрита а Гостивар пак очекувано на свој терен славаше против Охрид со 2:1.

РЕЗУЛТАТИ – 11.КОЛО

ЛАБУНИШТА – ВЛАЗЕРИМИ 0:1

КАДИНО – ВАРДАР (Ф) 1:2

ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ 2:3

КОРАБИ – ДРИТА 2:1

ГОСТИВАР – ОХРИД 2:0

ТАБЕЛА

  1. ПЕЛИСТЕР 20
  2. ВЛАЗЕРИМИ 20
  3. СКОПЈЕ 19
  4. ЛАБУНИШТА 18
  5. ГОСТИВАР 18
  6. ВАРДАР (Ф) 17
  7. ДРИТА 15
  8. КОРАБИ 14
  9. КАДИНО 8
  10. ОХРИД 7