Пред две сезони и двете екипи играа во Првата лига, секогаш било интересно кога се среќаваат Пелистер и Скопје, без разлика дали тоа било во под „Тумбе Кафе“ или на Автокоманда. Така ќе биде и денеска во Битола, во меч во кој Пелистер со новиот тренер Зоран Штерјовски ќе оди на трите бода. Имено само со победи може да се задржи лидерската позиција во Втората лига – Запад, Лабуништа не се шегува, сега дојде на само два бода од битолските „зелени“.

А Лабуништа пак на свој терен во Струга го дочекува Влазерими, и ако ја повтори играта од минатите мечеви би можел да дојде до нов триумф. Интересно ќе биде во скопско Кадино, каде истоимениот тим му е домаќин на Вардар Форино.Кораби во Дебар игра со Дрита и во последниот денешен меч од 11.коло, составот на Гостивар е огромен фаворит против Охрид.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА -13.30 Ч

ПЕЛИСТЕР – СКОПЈЕ

ЛАБУНИШТА – ВЛАЗЕРИМИ

КАДИНО – ВАРДАР (Ф)

КОРАБИ – ДРИТА

ГОСТИВАР – ОХРИД