Каков меч во Кочани, во дербито на Истокот екипата на Брегалница со 2:1 славеше над Осогово. Овој меч имаше од се помалку. Прво промашен пенал на Ристе Наумов, потоа автогол на Манов за водство на домашните, па автогол на Ричков за 1:1. И тогаш на сцена стапи Мартин Стојанов, кој успеа во 57.минута да погоди за 2:1. Да кажеме дека „сините“ речиси цело второ полувреме играа со играч помалку, исклучен беше Шишков.

Во Гевгелија гостите од Пехчево со 2:0 просто го уништија Кожув и победија со 2:0 и тоа со головите на Најдов и Ступиќ.

Во Крушево пак Саса со 2:0 го победи Питу Гули, и тоа имаше автогол.

РЕЗУЛТАТИ – 11.КОЛО

ОСОГОВО – БРЕГАЛНИЦА 1:2

КОЖУФ – КИТ ГО 0:2

ПИТУ ГУЛИ – САСА 0:2

УТРЕ – 13:30 Ч

ПЛАЧКОВИЦА – ТИКВЕШ

БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА

ТАБЕЛА

  1. БРЕГАЛНИЦА 24
  2. КОЖУФ 23
  3. БЕЛАСИЦА 22 (-1)
  4. КИТ ГО 21
  5. ТИКВЕШ 20 (-1)
  6. САСА 16
  7. ПЛАЧКОВИЦА 10 (-1)
  8. ПОБЕДА 7 (-1)
  9. ОСОГОВО 6
  10. ПИТУ ГУЛИ 3