Звучи интересно, но Брегалница на последните две гостувања во Кочани кај Осогово, нема победа. Затоа пред денешното, некогаш големо дерби на Истокот, во таборот на штипските „сини“ атмосферата е максимално сериозна. Не смее да се дозволи и на третото гостување на „Никола Мантов“ да се остане без целиот плен. Тимот од Кочани е на дното на табелата во Втората лига – Исток, но Осогово е тим кој може да изненади било кого. Овие бодови се премногу значајни за Брегалница и таа ќе се обиде да ги освои.

Кит Го пак гостува во Гевгелија. Младиот тим од Пехчево посакува да прикаже уште една добра партија, секако дека желбите се да остане непоразен кај лидерот Кожуф. Во Крушево домашниот состав на Питу Гули го дочекува составот на Саса. Утре се играат средбите Плачковица – Тиквеш и Беласица – Победа.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА – 13:30 Ч

ОСОГОВО – БРЕГАЛНИЦА

КОЖУФ – КИТ ГО

ПИТУ ГУЛИ – САСА

УТРЕ – 13.30 Ч

БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА

ПЛАЧКОВИЦА – ТИКВЕШ