Кенискиот интернационалец Нуни Омот не е повеќе член на МЗТ Скопје откако тој и управата денеска ставија крај на соработката. Крилниот центар веќе извесен период имал семејни проблеми, поради што не можел целосно да им се посвети на професионалните обврски, ниту, пак, да биде максимално концентриран на средбите тимот.

Тој одлучил дека е време да биде заедно со своето семејство во САД, па на обострано задоволство договорот е раскинат.

Омот настапи на пет средби за МЗТ Скопје Аеродром во АБА2-лигата со просек од 14,2 поени, 3,8 скока и една асистенција. Во домашното првенство, пак, настапи на две средби.