Фаворитите на последните три средби од денешната програмата од четвртото коло во Првата лига ја оправдаа улогата.  Еуроникел, Кожув и Гостивар забележаа убедливи победи против Академија ФМП, МЗТ Скопје 2 и Вардар.

Кавадарчани за противник го имаа жилавиот дебитант Академија ФМП кого го совладаа со 85-69 (20-13, 22-15, 19-24, 24-17) и се вратија на победите по поразот од Кожув во минатото коло.

По две одиграни четвртини беше јасно дека двата бода ќе отидат на контото на Еуроникел (44-28), но тоа пак не ги обесхрабри гостите, одиграа добра трета четвртина, но немаа сили за целосен пресврт.

Гостивар влезе во ритам по триумфот над актуелниот шампион МЗТ Скопје, очекувано беше надмоќен против Вардар, на гости славеше со 55-86. Лесна задача имаше и Кожув против МЗТ Скопје 2 забележа победа од 112-65.

Последниот меч од четвртото коло се игра утре, Работнички на домашен терен го пречекува Пелистер.