Вистинските љубители на тенисот се надеваа дека во финалето во Париз ќе ги гледаат Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал, но тоа нема да се случи.

Откако Новак го совлада Димитров, се очекуваше и Шпанецот лесно да излезе на крај со Шаповалов. Надал не излезе на теренот, АТП истакна дека се работи за повреда, но не и за сериозноста на истата.

Во финалето Србинот ќе игра против Шаповалов, ова ќе биде нивна четврта пресметка, претходните три завршиле во корист на Ноле.

Финалето се игра утре со почеток во 14 часот.