Инцидент на крајот на дуелот од АБА лигата меѓу Морнар и Цедевита Олимпија. Морнар победи со резултат 77:70, а во последните секунди од мечот, навивач на домашната екипа истрча на теренот и го нападна противничкиот кошаркар, Рајан Боутрајт.

Кошаркарите на „морнарицата“ решија да го потрошат остатокот од времето за напад до крајот на мечот, а Боутрајт тргна неспортски да ја украде топката од рацете на Пулен. Откако успеа да му ја одземе, направи забивање. Тоа не им се допадна на навивачите, а еден втрча на теренот и со пластичен предмет (најверојатно вувузела) го удри Американецот. Кошаркарот возврати во обид да се пресмета со навивачот, по што настана поголема мешаница.