Денеска во 13.30 часот на стадионот „Благој Истатов“ во Струмица, во првиот меч од 13.коло во ПМФЛ, се среќаваат А. Пандев и Работнички. Меч кој е многу значаен и за двете екипи, посебно за гостите од Скопје кои мора по секоја цена како знаат и умеат да почнат со освојување на бодови. Последното место на табелата, на кое се веќе три кола, ги тера на тоа.

Работнички е осоколен по убедливиот триумф во Купот со Пелистер, можеби е тоа добар знак, но шансите на Работнички, барем за реми на овој натпревар, се зголемуваат и поради фактот дека А. Пандев нема да може да сме смета на своите најдобри и клучни играчи, репрезентативците Дориев и Стоилов. Оваа есен Работнички од гостувањата донесе само еден бод, и тоа оној од Велес.

„Пандевци“ по поразот од Борец во минатото коло му го препуштија лидерското место на табелата на Вардар. Сега засотанува три бода во однос на скопските „црвено – црни“, и затоа овој меч им е важен за продолжување на трката за самиот врв на прволигашката табела.

Инаку сите останати натпревари од 13.коло во ПМФЛ се играат утре од 13.30 часот.