Вториот светски рекет, Шпанецот Рафаел Надал, ги објасни причините за повлекување од полуфиналето на Мастерсот во Париз. Денеска тој требаше да игра со Шаповаов за пласман во финалето, но на изненадување на јавноста до дуел не дојде, затоа што Шпанецот се откажа.

Последните информации велат дека за време на загревањето Надал почувствувал силна болка во стомачните мускули и постапил по препорака на неговиот лекар. Во слична ситуација на УС Опен 2009, тој продолжи да игра со болка, што последователно предизвика уште поголеми проблеми по неговото здравје. Надал веднаш најави дека ќе си оди дома и ќе се обиде да се опорави за финалниот турнир.

„Се надевам дека ќе бидам подготвен за Лондон. Тоа сега ми е главна цел“, изјавил Шпанецот.