По репрезентативната пауза суперлигашите се враќаат на сцена, а сите дуели од осмото коло се закажани за денеска, па имаме богата саботна агенда. И не само тоа! Сите натпревари се директна битка за позиција без разлика дали зборуваме за горниот или долниот дел од табелата.

Главните дуели се во Скопје и Охрид. Металург како лидер на табелата во Суперлигата и досега непоразен патува во Охрид, а во слична ситуација е и Пролет кој го пречекува Бутел во скопското градско дерби. Ниту Пролет нема пораз сезонава, но поради двата реми дуели стои трет на табелата. Бутел, откако не успеја да обезбеди (по)долг опстанок во Европа комплетно е фокусиран на домашното првенство и ќе се обиде тоа да го потврди уште денеска.

Иста е ситуацијата и на останатите три натпревари во кои се чини дека нијанси ќе одлучуваат затоа што играат Пелистер и Радовиш, Работнички го пречекува Вардар Јуниор, додека Металург 2 и гостува на Струга, во дуелот од долниот дел на табелата.