Рома со 2:1 го совлада тимот на Наполи, кој дефинитивно заслужи повеќе од пораз, затоа што имаше многу шанси, особено во првиот дел.

Рома поведе со голот на Заниоло во 19. минута. Потоа Коларов имаше шанса да погоди за 2:0, но не реализираше пенал, Мерет му го одбрани. Следуваа минути на Наполи и одлични 5 стонастотни шанси. Смолинг вадеше од гол линија, па Милик ја погоди пречката, Мертенс стативата, немаа среќа наполитанците.

Во вториот дел нов досуден пенал за Рома. Овој пат Мерет го претвора во гол за 2:0. Милик донесе само 2:1, но Наполи не се спаси од пораз.

За гостинскиот тим Елиф Елмас беше на клупата, и таму остана цел меч.