Непријатна сцена на мечот од кинеската кошаркарска лига помеѓу Гуандонг и Лиаонинг по застрашувачкиот пад на еден од домашните играчи. Мингчен Конг скокна прерано во обид да го блокира противничкиот играч, се удри во него, се изврте и падна на паркетот директно на кичмата. Тој остана да лежи неможејќи да се мрда, а дури ни лекарите не беа сигурни дали смеат да го пипкаат уплашени да не има некоја сериозна повреда на кичмениот столб. Соиграчите полека го префрлија на носилки и веднаш бил однесен во болница на детални снимања и прегледи.