Само неколку часа по квалификациите за Мото ГП шампионатот и она излетување на Марк Маркез од патеката, на Сепанг се случи уште еден инцидент со смртни последици. Веднаш по завршувањето на квалификациите за Мото ГП стартуваше трката „Азија талент куп“, а индонезискиот возач Афридза Мунандар (20) во десеттата кривина од првиот круг излета од патеката. Лекарите увидоа дека повредата е сериозна и возачот на Хонда итно бил пренесен во болница во Куала Лумпур со хеликоптер но за жал починал.

Оваа година Мунандар победил на две трки шампионатот, двапати бил втор и трет.