Денеска се одиграа мечевите од последното 9. коло на европското тимско првенство во Батуми, Грузија. Шахистите имаа силен ривал во Италија и на крајот беа поразени со 2,5:1,5, а дамите немаа шанси против Хрватска, која обезбеди убедлива победа со 3,5:0,5.

По 9 кола, машката селекција на крајот освои 15 бода и на крајот се најде на 34. место во конкуренција на 40 репрезентации кои се натпреваруваа на шампионатот. Дамите, пак, останаа на 10,5 освоени бодови и на крајот мораа да се задоволат само со последната 32. позиција.