Селекцијата на Јужна Африка стана светски шампион во рагби откако утринава ја победи Англија со 32-12 во финалето на Светското првенство одиграно во Јокохама, Јапонија.

По триумфите во 1995 и 2007 година, Јужна Африка успеа да го врати светскиот трофеј што значи дека е нивни трети во историјата изедначувајќи се со Нов Зеланд на листата на најтрофејни.

Англија не успеа да стигна до втората светска титула. Единствената ја освои во 2003, а покрај денешното финале изгуби уште две, во 1991 од Австралија и во 2007 токму од Јужна Африка.