Возачот на Мерцедес, Валтери Ботас ќе стартува од пол-позицијата на трката за ГН на САД.

Финецот беше најбрз во квалификациите во Остин, оставајќи ги зад себе Себастијан Фетел од Ферари и Макс Ферстапен од Ред Бул. Шарл Леклер од Ферари ги комплетираше првите два реда.

Луис Хамилтон го има најслабиот пласман во квалификациите сезонава – петтото место, но за возачот на Мерцедес се чини дека најважна е заверката на новата Ф1 титула, која ќе се случи со пласман меѓу првите осум, или пак, доколку Ботас не победи во Тексас.