Елиинацијата од Купот со Шкендија и случувањата во Тетово, не ги пореметија Вардарци во првенството да продолжат во победнички ритам. Денеска Вардар го совлада составот на Ренова со 2:0, со головите на Аврамовски и на Попзлатанов, за цврста прва позиција, и пет бодови повеќе од својот конкурент Академија Пандев.

Аврамовски во 20. минута после еден добар продор, го совлада Велии. Вардарци имаа многу шанси, голот на Ренова „висеше“, а мрежата се тресеше во 90. минута кога Попзлатанов по одбиена топка од голманот Велии само ја смести топката во голот и ја запечати победата.