Маверик Вињалес е победникот на Мото ГП трката во Малезија, во која доминираше од првиот до последниот круг на патеката Сепанг.

Шампионот Марк Маркез, кој пак, стартуваше од 11 позиција успеја да заврши на второто место, но не и да има подобро време од неговиот сонародник, кој беше побрз за три секунди.

Третото место му припадна на Андреа Довициозо, додека Валентино Роси заврши четврти пред Ринс, Морбидели и Квартараро.

Марк Маркез е убедливо прв во генералниот пласман со 395 бода, пред Довициозо со 256, Вињалес со 201, Ринс со 194 бода.