Во пресрет на супер дербито Ливерпул -Манчестер Сити следниот викенд, а по онаа трилер победа на „црвените“ синоќа против Астон Вила на гости, се чини дека Пеп Гвардиола ги губи нервите. Или пак почнува да шири „закачки“ и да провоцира. И не му е првпат, таков беше и кога ја тренираше Барселона.

Навистина несекојдневно е да коментираш настап на играч од противничка екипа и тоа во крајно негативна конотација. Ќе видиме дали Јирген Клоп ќе реагира на провокациите на Пеп.

„На Ливерпул му се случува пречесто да победува во самиот финиш на мечот за да тоа биде случајно. Тие го имаат тој победнички менталитет, победнички карактер, тоа се гледа. Тоа не можеш да го наречеш среќа. Ливерпул е фантастичен тим. За Мане што да се каже? Тој е страшен талент. Има талент за фудбал, но има и за глума, тој е роден глумец, мајстор за симулирање“ веројатно Пеп мисли на случката од првиот дел од мечот меѓу Астон Вила и Ливерпул кога стрелецот на победничкиот гол доби жолт картон за симулирање.

Сега секако, по овие зборови на Пеп, ја чекаме реакцијата на Клоп.