Во Италија во центарот на вниманието повторно Јувентус. И оној пенал кој не беше досуден за Торино по играта со рака на Де Лихт.

Сепак, холанѓанецот по натпреварот даде изјава во која рече дека тоа не било пенал, и тоа го знаел уште во првиот момент.

„Среќен сум поради победата. Беше важно да ги освоиме бодовите. Уште подобро што јас постигнав гол. Ситуацијата за играта со рака? Уште во истиот момент знаев дека тоа не е пенал затоа што правилата се такви, раката е ниско доле и не треба да има казнен удар. Топката ме удри мене, а не јас неа“, рече Де Лихт.

Навистина чудна, но можеби и очекувана изјава на скапиот дефанзивец.