Македонскиот кадетски репрезентативец Марко Кизиќ, како трет голман доби шанса во второто полувреме против Мешков Брест и експресно покажа дека ја заслужува минутажата.

Веќе во вториот напад на противничките ракометари тој запиша двојна одбрана и им наби комплекси.

Младиот, 18-годишен чувар на мрежата за само шест минути игра стигна и до четвртата одбрана, колку што за 45 минути имаа неговите колеги Кугис и Гедбан заедно.