Нова бламажа на Тиквеш. Кавадарчани одново не победија, одиграа само 1:1 против Плачковица на гости. Кризата очигледно е предлабока во кавадаречкиот клуб. Ова реми секако дека ќе има длабоки траги и последици за сите во таборот на Тиквеш. Диме Иванов муи донесе водство на Тиквеш, но домашните израмнија на 1:1 во вториот дел.

Да кажеме дека Иванов поради повреда на главата заврши во болница. Да кажеме дека кавадарчани заработија два црвени картони, Лазар Пеев во 88. и Ванче Шиков по натпреварот, и двата поради вербална реакција кон судијата.

Беласица со голот на Милушев успеа да ја победи Победа, да освои три бода и да се искачи одново на врвот на табелата во Втората лига – Исток.

 

ДЕНЕСКА – 13.30 Ч

ПЛАЧКОВИЦА – ТИКВЕШ 1:1

БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА 1:0

ВЧЕРА:

ОСОГОВО – БРЕГАЛНИЦА 1:2

КОЖУФ – КИТ ГО 0:2

ПИТУ ГУЛИ – САСА 0:2

ТАБЕЛА

  1. БЕЛАСИЦА 25
  2. БРЕГАЛНИЦА 24
  3. КОЖУФ 23
  4. КИТ ГО 21
  5. ТИКВЕШ 21
  6. САСА 16
  7. ПЛАЧКОВИЦА 11
  8. ПОБЕДА 7
  9. ОСОГОВО 6
  10. ПИТУ ГУЛИ 3