Пораз од Кожуф, пораз од Беласица исто на свој терен, реми со Победа во Прилеп, и освоен само еден од можни девет бодови. Па така лидерот пред три кола сега е петти на табелата со меч помалку. Се разбира дека мислиме на Тиквеш, веројатно првиот фаворит за освојување на првото место во Втората лига – Исток. Инаку последен пат кавадарчани се радувале на победа на 6 октомври, и тоа дома против Кит Го, едвај со 1:0.

Факт е дека Тиквеш е во криза, и резултатска и играчка. Само победа денеска на гости кај Плачковица ќе може да го „пере“ тимот кој никако да се најде себе си, можеби и затоа имаше потреси во изминатите десет дена. Почнувајќи од оставки, потоа откази, па сечење на стативите.

Тиквеш и неговиот тренер Љупчо Димитковски – Гањо денеска на гости кај Плачковица мора, ама баш мора по секоја цена да победат. Се друго ќе биде лошо, многу лошо за Тиквеш.

Во вториот денешен меч од 11.коло во Втората лига – Исток, Беласица на свој терен ја дочекува Победа. До лани и двете екипи играа во елитата. Со победа и три бода струмичани одново ќе бидат лидери на табелата. Вчера се одиграа три меча, на кој најмногу профитираше Брегалница која сега во моментов е прва, може таму да остане само ако Беласица не ја победи Победа.

ДЕНЕСКА – 13.30 Ч

ПЛАЧКОВИЦА – ТИКВЕШ

БЕЛАСИЦА – ПОБЕДА

ВЧЕРА:

ОСОГОВО – БРЕГАЛНИЦА 1:2

КОЖУФ – КИТ ГО 0:2

ПИТУ ГУЛИ – САСА 0:2

ТАБЕЛА

  1. БРЕГАЛНИЦА 24
  2. КОЖУФ 23
  3. БЕЛАСИЦА 22 (-1)
  4. КИТ ГО 21
  5. ТИКВЕШ 20 (-1)
  6. САСА 16
  7. ПЛАЧКОВИЦА 10 (-1)
  8. ПОБЕДА 7 (-1)
  9. ОСОГОВО 6
  10. ПИТУ ГУЛИ 3