Уште еднаш Нико Ковач се најде на удар на навивачите и на целата германска јавност. Иако се претпоставуваше дека денеска ќе го добие епитетот „поранешен“, сепак, денеска Баерн со потегот објави дека му верува на Хрватот.

Ковач утринава два часа порано се појавил на тренингот на Баерн, каде заминал на разговори со раководството. Имал разговори и со фудбалерите. Сепак, после два часа го водеше тренингот.

Германските медиуми објавуваат дека засега Ковач останува, но секој нареден „кикс“ ќе го чини отказ.