Филаделфија ја продолжува победничката серија (пет натпревари во низа) откако со комплетен кам-бек дојде до победа, 129:128 во последната секунда од мечот со Портланд.

Фуркан Коркмаз беше човекот за одлука кој во последниот напад погоди за три поени за славје на неговиот тим.

Портланд имаше предност во текот на целиот натпревар, највисоката беше 21 поен во третата четвртина, но Филаделфија се врати и успеја да поведе на 14 секунди до крајот.

Анферн Симонс постигна тројка за Портланд на две секунди до крајот, 128:126, но Коркмаз возврати на ист начин.

Дури и без Џоел Ембид во тимот, Сиксерси се радуваа предводени од Ал Хорфорд 25 поени, Тобиас Харис 23 и Бен Симонс 18.

Кај Портланд Демиан Лилард имаше 33 поени, Марио Хероња запиша дабл-дабл, 11 поени и 12 скока.

Голден Стејт со резервниот состав е поразен од Шарлот (93:87), Детроит славеше над Бруклин (113:109) предводен од Андре Друмонд, кој имаше 25 поени и 20 скокови, додека Милвоки го совлада Торонто (115:105) во меч кој беше реприза на ланското конференциско финале.

РЕЗУЛТАТИ:

Детроит – Бруклин       113:109

Орландо – Денвер        87:91

Мемфис – Феникс          105:114

Милвоки – Торонто      115:105

Вашингтон – Минесота               109:131

Голден Стејт – Шарлот                87:93

Портланд – Филаделфија          128:129