Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓоргиев е прогласен за МВП во осминафиналниот меч од Купот на Германија.

Коректорот со 22 поени (20 напад и два од сервис) го предводеше неговиот Фридриксхафен кон четвртфиналето во дуелот против Хајтек Волеј, 3:1 (27:25, 23:25, 25:21, 32:30).

Нашиот репрезентативец беше константен од почетокот до крајот на мечот, а главната улога ја имаше во третиот и четвртиот сет, кога овозможи Фридриксхафен да дојде до победа.