Македонскиот репрезентативец Нендад Димитријевиќ продолжува да блеска сезонава. Зад него е уште една одлична партија, овој пат во триумфот на Хувентуд во домашната АЦБ-лига против Обрадорио (101-77) беше трет стрелец.

Ова беше трета победа за тимот од Бадалона, втора во низа во шпанскиот шампионат, трета вкупно со онаа во Еврокупот.

Димитријевиќ максимално ја користи секоја минута на теренот. И овој пат беше на ниво на задачата, за 20. минути постигна 14 поени поени (5/6 за два поени, 0/1 за три поени и 4/5 за еден поен), додаде уште осум асистенции и два скока.

Прво име во редовите на Хувентуд беше Препелиќ со 18 поени.